Цврсто верувам во силно сојузништво со Турција

САД и Турција заедно можат да направат повеќе во спречување на финансирање на оние кои поттикнуваат на радикални идеологии

869248
Цврсто верувам во силно сојузништво со Турција

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Хeрберт Рајмонд Мекмастер ја исправи својата изјава во врска со Турција и порача дека тој, исто како и претседателот Трамп, цврсто верува во силен сојуз помеѓу САД и Турција.

МекМакстер во разговор за АА ги појасни своите зборови во врска со Турција, кои ги искажа во вторник на панелот во Вашингтон. Тој тогаш изјави дека „Турција е една од земјите кои ја поддржуваат идеологијата на радикалниот ислам”.

„Сакав да нагласам дека САД и Турција заедно можат да направат повеќе во спречување на финансирање на оние кои поттикнуваат на радикални идеологии во чии темели се наоѓа омраза и насилство, пораача МекМастер и додаде:

„САД и Турција, заедно со останатите сојузници, мораат да работат заедно против оваа опасност (радикалните идеологии). Исто како претседателот Трамп и јас цврсто верувам во силен сојуз помеѓу САД и Турција."

Исто така, нагласи дека САД се свесни за сите напори кои Турција ги вложува на полето на јакнењето на граничната безбедност, спречувањето на преминување на странски борци и борбата против терористичка организација ДЕАШ.

Нагласи исто така дека неговата земја ќе и пружи поддршка на Турција кога е во прашање борбата против терористичката организација ПКК, исто како што тоа го правела со децении досега.

„САД веќе подолго време ја поддржуваат Турција и ќе продолжат со таа поддршка. Турција веќе подолго време е земја којашто е пример на исламскиот свет за реформите, модернизацијата, уметноста и напредокот. САД, Европа и Блискиот исток, а најважно од тоа турскиот народ, сеуште имаат потреба за тој пат”, порача МекМастер.

Потсетуваме, советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Херберт Рејмонд MекМастер, во вторник на панелот во Вашингтон изјави дека „Турција е една од земјите кои ја поддржуваат идеологијата на радикалниот ислам."

Министерството за надворешни работи на Турција, како одговор на неговата изјава соопшти дека таквите тврдења се неосновани и неприфатливи.

„Изјавите на советникот на американскиот претседател за национална безбедност, МекМастер кој се наоѓа во позиција на лице кое треба да знае најдобро каков вид борба води нашата земја против тероризмот и радикализмот, немаат никаква врска со реалноста и како такви се изненадувачки, неосновани и неприфатливи", се вели во соопштението Министерство за надворешни работи на Турција



Слични вести