Лавров и Тилерсон на средба во Виена

Рекс Тилерсон и Сергеј Лавров се состанаа во Виена на маргините на 24.министерски состанок на ОЕБС Организација за европска безбедност и соработка.

863852
Лавров и  Тилерсон на средба во Виена

Шефовите на дипломатиите на САД и на Русија Рекс Тилерсон и Сергеј Лавров се состанаа во Виена на маргините на 24.министерски состанок на ОЕБС Организација за европска безбедност и соработка.

На срфедбата беа разменети мислења за руските дипломати во Америка, состојбата на руските медијуми во Америка, прашањето посветено на Северна Кореја и ситуацијата во Сирија.

Од МНР на Русија беше соопштено дека министерот Лавров за напнатоста на Корејскиот полуостров рекол дека е неприфатлива ,така да ја истакнал потребата од надминување на тензиите само на дипломатски начини.Лавров исто така ја истакнал потребата од изнаоѓање на нови методи за смирување на ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Во разговорот било потенцирано на потребата од  донесување на дополнителни мерки за заокружување на воениот конфликт во Сирија, се вели во соопштението и се подвлекува следното: Страните го нагласија значењето на преговори за Сирија во континуитет, а во кои би биле вклучени сите политички актери во земјата.

Во соопштението се подвлекува дека министерот Лавров за неприфаливи ги оценил притисоците врз руските дипломати и новинари во САД.

 



Слични вести