Вашингтон соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

Белата куќа, соопшти дека претседателот Доналд Трамп во среда ќе ја соопшти одлуката за можно преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

862127
Вашингтон соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

Вашингтон соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел..

Белата куќа, соопшти дека претседателот Доналд Трамп во среда ќе ја соопшти одлуката за можно преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

На конференцијата за медиумите во Вашингтон, портпаролката на Белата Куќа Сара Сандерс, на прашањето на новинарот како одредени лидери во светот го предупредиле Трамп во врска со преместување на американската амбасада во Ерусалим, истакна дека во среда јавноста ќе ја дознае одлуката за тоа прашање.

Трамп претходно го информираше палестинскиот лидер Махмуд Абас за планот да ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Набил Абу Рудеинех, портпарол на Кабинетот на палестинскиот претседател, изјави дека Трамп упатил телефонски повик до Абас и во таа прилика го информирал за намерата на Вашингтон да ја премести амбасадата во Ерусалим. Абас го предупредил американскиот претседател на сериозните последици од таквата одлука.

„Претседателот утре ќе ја соопшти одлуката, а пред тоа не би сакала да навлегувам во детали за ова прашање", рече Сандерс.

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган најави можност на прекинување на билатералните односи со Израел поради настојување на таа земја Ерусалим да биде прогласен за главен град.

Американскиот претседател Трамп во текот на минатогодишната предизборна кампања вети дека ќе ја пресели американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, а американските медиуми неодамна изјавија дека Белата куќа подготвува процес на прогласување на Ерусалим како главен град на Израел.



Слични вести