Нови детали околу убиството на Салех

Пристигнуваат нови информации и детали околу убиството на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех

861337
Нови детали околу убиството на Салех

Пристигнуваат нови информации и детали околу убиството на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех.

Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех е убиен во Сана, потврдиле од неговата партија Генерален народен конгрес.

Официјален претставник на Генералниот народен конгрес изјави дека Хусите инаКУ Шиити го запреле конвојот на Салех и го убиле.

Покрај тоа, тие претходно со инсталиран експлозив ја уништиле куќата на Салех, која се наоѓа во јужниот дел на Сана.

Сведоците изјавија дека по нападите што траеја цела ноќ, Хусите ја уништиле куќата на Салех.

Постојат сомневања дека во судирите биле убиени и ранети десетици лица, и од поддржувачите на Салех и од Хусите.

Во раните утрински часови, Хусите влегле во куќата на Салех, го изнеле оружјето од неа и го активирале експлозивот.

Салех беше на власт во Јемен од 1978 до 2012 година а беше познат по неговата изрека „ Танцување над главите на змиите“ поради честото менување на страните.

Салех со Хусите инаку Шиити кои во март 2015 година ја презедоа власта во Јемен три години беше во сојузништво,за потоа да се договори со Саудиска Арабија каде пребега по што  Хусите го убија.

 



Слични вести