Судирите меѓу Хусите и силите лојални на претседателот Салих се вжештуваат

Хусите напредувале кон Алжирска авенија и успеале да ја преземат контролата во околните маала,но дека откога силите на Салих жестоко возвратиле тие биле приморани да се повлечат.

860621
Судирите меѓу Хусите и силите лојални на претседателот Салих се вжештуваат

 

Судирите меѓу Хусите кои ја држат власта во Јемен и силите лојални на соборениот претседател Али Абдулах Салих се засилија синоќа во доцните часови.

Воен претставник на силите на поранешниот претседател Салих кој што сакаше да остане анонимен изјави дека Хусите напредувале кон Алжирска авенија и успеале да ја преземат контролата во околните маала,но дека откога силите на Салих жестоко возвратиле тие биле приморани да се повлечат.

„Хусите на напаѓаат со тешко оружје и со тенкови, а ние немаме воена поддршка“ изјавило истото лице.

Меѓународниот координатор за хуманистарни активности за Јемен Џејми Мек Голдрик упати апел да престанат судирите во главниот град Сана.

Мек Голдрик преку својот Твитер профил истакнува дека е длабоко загрижен за ситуацијата во Сана и апелира на престанување на сите насилства.Тој вели дека голем број жители на Сана останале без своите домови кои настрадале во воените судири и дека бројот на цивилите кои гинат во судирите расте со секој изминат ден. Голдрик апелира на почитување на меѓународните човекови права и на заштита на инфраструктурните објекти во главниот град Сана.

 

 



Слични вести