Потврдена информацијата за убиството на поранешниот јеменски претседател Салех

Сведоците изјавија дека по нападите што траеја цела ноќ, Хусите ја уништиле куќата на Салех.

861118
Потврдена информацијата за убиството на поранешниот јеменски претседател Салех

Официјален претставник на Генералниот народен конгрес изјави дека Хусите го запреле конвојот на Салех и го убиле во близина на Сана

Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех е убиен во Сана, потврдија од неговата партија Генерален народен конгрес.

Официјален претставник на Генералниот народен конгрес изјави дека Хусите го запреле конвојот на Салех и го убиле во близина на Сана.

Покрај тоа, тие претходно со инсталиран експлозив ја уништија куќата на Салех, која се наоѓа во јужниот дел на Сана.

Сведоците изјавија дека по нападите што траеја цела ноќ, Хусите ја уништиле куќата на Салех.

Постојат сомневања дека во судирите биле убиени и ранети десетици лица, и од поддржувачите на Салех и од Хусите.

Во раните утрински часови, Хусите влегле во куќата на Салех, го изнеле оружјето од неа и го активирале експлозивот.



Слични вести