Маршот на движењето ПЕГИДА во Нијмеген заврши со разочарување

Полицијата интервенираше врз приврзаниците на движењето АФА кои сакаа да го попречат маршот на приврзаниците на движењето ПЕГИДА

855590
Маршот на движењето ПЕГИДА во Нијмеген заврши со разочарување

Маршот на антиисламистичкото и антимигрантско движење ПЕГИДА во холандскиот град Нијмеген заврши со разочарување.

На маршот на движењето ПЕГИДА чии приврзаници се декларираат како Европски патриоти против исламизацијата на Запад, учествуваа само 30 лица.

Приврзаниците на групата со расистички панкарти во рацете маршираа во голема придружба на полицајци.

Со цел да го спречат маршот на ПЕГИДА, околу 200 приврзаници на Невладината организација Антифашистичка акција (АФА) сакаа да одржат марш против расизмот.

Полицијата интервенираше врз приврзаниците на движењето АФА кои сакаа да го попречат маршот на приврзаниците на движењето ПЕГИДА.

Во соопштението кое беше објавено од страна на безбедносните сили, беше истакнато дека по интервенцијата биле приведени две лица од движењето АФА.

Во инцидентот беше повреден и еден полицаец со коњ кој учествуваше во придружбата на маршот на движењето ПЕГИДА, додека коњот пцовиса.

Минатата недела во Холандија беше забранета демонстрацијата на антирасистичкото движење Црн Петар (Kick Out Zwarte Piet) и покрај тоа што имаше земено одобрение од властите.

Општината Еншеде во јуни поради безбедносни причини на движењата АФА и ПЕГИДА не им дозволи да одржат демонстрации поради барањето за одржување во ист ден, ист час и на ист плоштад.

Пред одреден период група приврзаници на расистичкото движење ПЕГИДА на просторот каде што се гради џамијата Селимије во градот Вегел а подоцна и на влезот на основното училиште во градот Леиден постави исламофибистички и расистички панкарти.



Слични вести