НАТО даде гаранција дека уште еднаш нема да се повтори овој скандал

НАТО ги истражува деталите на настанот

853898
НАТО даде гаранција дека уште еднаш нема да се повтори овој скандал

НАТО даде гаранција дека уште еднаш нема да се повтори овој скандал.

НАТО соопшти дека продолжува истрагата во врска со минатонеделниот скандал што се случи на воената вежба во Норвешка од 8 до 17 ноември на која претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Мустафа Кемал Ататурк беа поставени како цели.

НАТО го објави следното соопштение:

„Уште еднаш нема да се повтори вакво нешто“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во изјавата за печатот во врска со скандалот рече дека НАТО дава гаранција дека уште еднаш нема да се случи вакво нешто.

Во продолжение Столтенберг рече дека воените претставници на НАТО ги истражуваат деталите на настанот потенцирајќи дека и самиот лично ги истражува процедурите за да не дојде до повторување на сличен скандал.

За викендот по телефон го побарав претседателот Реџеп Тајип Ердоган и му се извинив за настанот кој предизвика огорченост. Исто така го информирав дека НАТО веднаш започна истрага за утврдување на немилиот настан.



Слични вести