85 загинати и 75 ранети во напад на џамија на Синајскиот полуостров

В-канал Ал Арабија соопшти дека бројот на загинатите и повредените во нападот изнесува 100 лица

854434
85 загинати и 75 ранети во напад на џамија на Синајскиот полуостров

Министерството за здравство на Египет соопшти дека бројот на загинатите изнесува 85 а на повредените во нападот 75 лица.

Нападот на џамијата Ал Равдах во населбата Бир Ал Абед на западната страна на градот Ариш беше извршен за време на петочниот намаз.

Според изјавите на очевидците, терористите  најпрвин фрлиле бомба врз собраните а потоа почнале да пукаат наоколу по луѓето.

ТВ-канал Ал Арабија соопшти дека бројот на загинатите и повредените во нападот изнесува 100 лица.

Досега никој не презеде одговорноста за нападот.

Терористичката организација ДЕАШ и претходно имаше извршено напади врз целите на египетските безбедносни сили.



Слични вести