Тилерсон : Насилството врз араканските муслимани во Мјанмар е етничко чистење

Рекс Тилерсон, американски државен секретар за надворешни работи, за прв пат насилството против араканските муслиманите во Мјанмар гo нарече „етничко чистење".

853238
Тилерсон : Насилството врз араканските муслимани во Мјанмар е етничко чистење

Рекс Тилерсон, американски државен секретар за надворешни работи, за прв пат насилството против араканските муслиманите во Мјанмар гo нарече „етничко чистење".

Тилерсон истакна дека е потребно одговорните за масакрите на муслиманите во Мјанмар да бидат изведени пред лицето на правдата, додавајќи дека хуманитарната криза треба да се заврши што е можно поскоро.

„Никаква провокација не може да го оправда ужасното насилство. Поединци од мјанмарската армија и безбедносните сили и локалните џелати доведоа до овие страдања и принудија стотици илјадници жени, деца и мажи да ги напуштат своите домови и да избегаат во Бангладеш. По внимателната анализа на тековните настани на терен, јасно е дека тоа што им се случи на Рохинџите во Аракан е етничко чистење", се вели во соопштението издадено по повод посетата на Тилерсон во Мјанмар на 15 ноември оваа година.

Тој подвлече дека приоритет на американската администрација е да се обезбеди помош за луѓето кои се соочуваат со хуманитарна криза, додавајќи дека САД, после пакетот помош од 40 милиони долари подготвија нов пакет со дополнителна помош од 47 милиони долари.

„Владата на Мјанмар и безбедносните сили мора да ги почитуваат човековите права на сите граѓани кои живеат во границите на оваа земја, а оние кои нема да постапуваат на тој начин мора да се сметаат за одговорни", додаде Тилерсон.



Слични вести