Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп е вистинска провокација

САД со оваа одлука ја потврди оправданоста на Северна Кореја за унапредување и развој на нуклеарно оружје

852783
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп е вистинска провокација

Пјонгјанг одговори на вбројувањето на Северна Кореја на списокот на „земјите кои го поддржуваат тероризмот“ од страна на САД поради програмата за нуклеарно оружје и балистички ракети.

Пјонгјанг одлуката на Доналд Трамп ја оцени како „сериозна провокација“.

Според соопштението кое беше објавено со посредство на државната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА, САД со оваа одлука ја потврди оправданоста на Северна Кореја за унапредување и развој на нуклеарно оружје, а исто така беше подвлечено дека Северна Кроеја нема никаква врска со тероризмот.

„Нам воопшто не ни е грижа што САД се обидува да ни наметне терористичка шапка“ беше истакнато во соопштението и потенцирано дека активностите на САД покажуваат дека Северна Кореја треба добро да го сфати значењето на нуклеарното оружје за самозаштита.



Слични вести