Трамп повторно ја вброи Северна Кореја на списокот на земјите кои го поддржуваат тероризмот

Пјонјанг на светот му се заканува со нуклеарно уништување

851423
Трамп повторно ја вброи Северна Кореја на списокот на земјите кои го поддржуваат тероризмот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја вброи Северна Кореја на списокот на земјите кои го поддржуваат тероризмот.

Пред состанокот на владата Трамп одржа прес конференција.

„Фрливме критичен чекор во однос на нуклеарното разоружување во врска со Северна Кореја. Денес САД, Северна Кореја ја вброи на списокот на земјите кои го поддржуваат тероризмот. Тоа требаше да се направи од поодамна. Требаше да се направи пред неколку години„ рече Трамп.

„Пјонјанг на светот му се заканува со нуклеарно уништување„ рече Трамп и потенцираше дека „Северна Кореја ги подржува меѓународните терористички активности вклучувајќи ги и атентатите“.

Во продолжение Трамп рече:

„Овој чекор ќе предизвика преземање нови санкции и казни врз управата на Северна Кореја, кој настан ја оправдува нашата кампања за вршење максимален притисок врз крволочниот режим на оваа земја. Утре државниот трезор ќе ги објави новите санкции кои ќе се преземат против Северна Кроеја“ рече Трамп.

„Санкциите кои ќе се спроведат ќе бидат многу големи и најверојатно тоа ќе бидат санкции на највисоко ниво“ рече Трамп.

Со оваа одлука на САД, Северна Кореја повторно се вбројува на списокот на земјите кои што го поддржуваат тероризмот а кој во 2008 година беше објавен од страна на тогашниот претседател Џорџ Буш.

На списокот и натаму се наоѓаат Иран, Судан и Сирија.

Во меѓувреме, американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон рече дека повторно вбројување на Северна Кроеја на списокот на земји кои го поддржуваат тероризмот претставува продолжение на досегашниот процес и не треба да се смета за изненадување.

На брифингот во Белата куќа, Тилерсон рече:

„Сеуште имаме надеж од дипломатијата. Овој чекор подразбира зголемување на притисокот врз режимот на Ким и присилување да дојде на преговарчката маса“.



Слични вести