Нерчиван Барзани и се заблагодари на Турција за помошта испратена после земјотресот

Премиерот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак Нерчиван Барзани Турција беше првата земја која ни испрати помош уште во првите часови после веста за катастрофален земјотрес.

851498
Нерчиван Барзани и се заблагодари на Турција за помошта испратена после  земјотресот

Премиерот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак Нерчиван Барзани и се заблагодари на Турција за помошта испратена после катастрофалниот земјотрес што го погоди подрачјето долж ирачко-иранската граница.

Премиерот Барзани на конфедренција за печатот приредена во Ербил истакна:

Турција беше првата земја која ни испрати помош уште во првите часови после веста за катастрофален земјотрес. Со нас веднаш стапи во контакт кабинетот на претседдателот на републиката.Сакам и во оваа приклика да истакнам колку е тоа важно за нас и уште еднаш да и се заблагодарам на Турција за помошта после земјотресот

На прашањето дали планира наскоро да ја посети Турција Нерчиван Барзани одговори: рече дека 

Ако ни се укаже прилика за посета на Турција,секако ќе бидеме многу задоволни доколку ја оствариме.Исто така би ни претставувало големо задоволство да ги пречекаме нашите пријатели од Турција тука кај нас.

Како што е познато на 12 ноември силен земјотрес од 7,3 степени го погоди пограничното подрачје меѓу Иран и Ирак.

 

 



Слични вести