Меркел повика на предвремени избори

Конечната одлука за моменталната ситуација дека не може да се формира влада ќе ја донесе претседателот

851455
Меркел повика на предвремени избори

По парламентарните избори на 24 септември во Германија и непостигнувањето консензус на прелиминарните преговори за формирање нова влада, канцеларката Ангела Меркел упати повик за одржување предвремени избори.

Меркел потенцираше дека не планира да формира малцинска влада.

Во интервјуто за програмата „Бренпункт“ која се објавува на првиот германски телевизиски канал „АРД“ Ангела Меркел рече дека неуспешните преговори меѓу партијата Слободни демократи (ФДП) и Партијата на Зелените за формирање коалициона влада, конечната одлука ќе ја донесе претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Меркел посочи дека во претстојните денови претседателот Штајнмаер повторно ќе одржи средби со лидерите на политичките партии и дека во тие рамки и самата ќе одржи средба со претседателот.

На прашањето: „Дали ќе одржи средби со Социјалдемократската партија (СПД) за формирање коалициона влада?“, Меркел одговори дека одлуката ќе ја донесе по средбата со претседателот.

Во тој контекст Меркел истакна дека партијата СПД донесе одлука дека нема да земе учество во коалиционата влада, поради што гледано од тој аспект може да се каже дека СПД не сака да преземе одговорност. Но и покрај тоа јас сум спремна да одржам преговори со нив, рече Меркел.

Во случај партијата СПД продолжи со овој став, на прашањето „Дали размислувате да формирате малцинска влада?“ Меркел рече:

„Моментално не планирам да формирам малцинска влада, но затоа ќе почекаме да видиме како се развиваат случувања. И одржувањето предвремени избори е една друга солуција. Многу добро треба да се размисли опцијата за формирање малцинска влада во споредба со силна и стабилна влада која ќе може да ги надмине сите тешкотии. Никогаш не сакам да кажам не за ништо. Јас многу се сомневам во работата на евентуалната малцинска влада и мислам дека одржувањето предвремени избори ќе биде многу подобра солуција“ рече Меркел.

„Конечната одлука за моменталната ситуација дека не може да се формира влада ќе ја донесе претседателот“ рече Меркел.

Претседателот на Социјалдемократската партија (СПД) Мартин Шулц реагираше со зборовите:  „Не се плашиме од предвремени избори.“

Шулц рече дека во среда ќе се состане со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер потенцирајќи дека досега Меркел не стапила во контакт со него.

Одлуката што ќе ја донесе лидерот на Социјалдемократската партија по средбата со претседателот ќе ја определи судбината на земјата.

Во случај Партијата СПД донесе неповолна одлука, првпат по период од 70 години во Германија ќе се оди на предвремени избори поради неможноста од формирање нова влада.

Прелиминарните преговори на партиите ЦДУ/ЦСУ, ФДП и Зелените за формирање коалициона влада од типот Јамајка и кои траеја 4,5 недели завршија со напуштањето на преговорите од страна на партијата ФДП.

Претседателот Франк-Валтер Штајнамер ги повика претставниците на политичките партии да не бегаат од одговорноста за формирање нова коалициона влада.



Слични вести