Нивото на насилството во Сирија се намали на степен кој може да се изнајде политичко решение

Страните беа едногласни во ставот дека опадна нивото на вооружените судири меѓу страните во Сирија

850706
Нивото на насилството во Сирија се намали на степен кој може да се изнајде политичко решение

Русија соопшти дека нивото на насилството во Сирија се намали на степен кој може да се изнајде политичко решение.

Министерството за надворешни работи на Русија во врска со состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран во Анталија објави соопштение во кое беше истакнато следното:

„Министрите разменија длабоки мислења во врска со можностите и прашањата за изнаоѓање мировно решение во Сирија. На состанокот беа разгледани основните трендови од аспект на воено-политичките случувања во оваа земја согласно напорите за намалување на напнатоста во рамките на Процесот на преговорите во Астана. Страните беа едногласни во ставот дека опадна нивото на вооружените судири меѓу страните во Сирија и дека се создадоа поволни услови за премин кон изнаоѓање политичко решение на прашањето.“

Пред претстојната средба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, иранскиот претседател Хасан Рохани и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 22 ноември, во Анталија се состанаа министрите за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, Мухамед Џевад Зариф и Сергеј Лавров.

Рускиот министер Лавров по состанокот рече дека средбата беше корисна и страните постигнаа согласност во однос на сите прашања.



Слични вести