Гнасен напад на една џамија во Шведска

Полицијата започна сеопфатна истрага

850984
Гнасен напад на една џамија во Шведска

Гнасен напад на една џамија во шведскиот град Седерманланд.

На железните ќепенци на влезната врата на џамијата Флен на муслиманскиот Културен центар Ел Худа во гратчето Флен беше нацртан кукест крст.

Претседателот на Исламската федерација на Шведска Тахир Акан изрази жалење поради расистичките напади врз џамиите во земјата.

Како последица на нападите во минатото на влезот на џамијата беа поставени ќепенци рече Акан и потенцираше дека поради ќепенците и бидејќи не можеа да ги скршат прозорците, најверојатно нападот беше извршен со расистичка цел.

Во врска со нападот ја известивме полицијата, рече Акан и додаде:

„Полицијата започна сеопфатна истрага. Не известуваат во врска со новите сознанија. Ги анализираа снимките од околните камери. Се надеваме дека во најскоро време ќе бидат фатени сторителите“ рече Акан.

Објектот кој денес се користи како џамија, во минатото беше црква. Во 2012 година објектот беше откупен од страна на Муслиманскиот културен центар Ал Худа и пренаменет во џамија.

Претседателот на џамијата Флен, Абди Осман Абукар рече дека последен пат џамијата беше изложена на напад со камења во 2014 година и во изјавата за печатот рече дека само во периодот од 2012 до 2014 година, џамијата четири пати беше изложена на напади.



Слични вести