Замрзнати банкарските сметки на осомничените лица за корупција во Саудиска Арабија

Агенцијата САМА соопшти дека биле замрзнати само личните сметки на наведените лица

842954
Замрзнати банкарските сметки на осомничените лица за корупција во Саудиска Арабија

По директива на јавниот обвинител, во Саудиска Арабија беа замрзнати банкарските сметки на осомничените лица кои се товарат за корупција.

Според веста на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија СПА, Монетарната агенција на Саудиска Арабија (САМА) согласно директивата на Јавното обвинителство, ги замрзна банкарските сметки на сите осомничени лица кои беа приведени поради корупција, меѓу кои се наоѓа принцот, високи државни бирократи и богати бизнисмени.

Агенцијата САМА соопшти дека биле замрзнати само личните сметки на наведените лица, додека во оваа етапа не станува збор за никакви санкции врз акциите и сметките на компаниите во кои имаат акции и удели.

Во врска со прашањето на банките им беа испратени директиви за замрзнување на банкарските сметки на наведените лица, а за да не дојде до неповолен одраз врз друштвата кои делуваат во Саудиска Арабија, ќе продолжи трансферот и трансакциите на парите како во земјава така и надвор.



Слични вести