Руските бази во Сирија ќе останат и по порзот на ДЕАШ

Евентуалното повлекување на руските војници од Сирија зависи од развојот на случувањата во оваа земја

842090
Руските бази во Сирија ќе останат и по порзот на ДЕАШ

Рускиот заменик министер за надворешни работи Олег Сромолотов рече дека базите Хмејмим и Тартус во Сирија најверојатно ќе останат и откако целосно ќе биде поразена терористичката организација.

Евентуалното повлекување на руските војници од Сирија зависи од развојот на случувањата во оваа земја, рече Сромолотов.

Терористичката организација ДЕАШ и натаму држи под онтрола над 10 посто од сириските територии, меѓудругото и терористичката организација Ал Нусра продолжува со терористички активности, потсети Сромолотов посочувајќи дека освен наведените во Сирија постојат и други вооружени групи кои се однесуваат независно.

Честопати во регионот се соочуваме со неочекувани актери кои порано ги немаше. Овие актери се појавија многу подоцна и ситуацијата целосно се менува, рече Сромолотов.



Слични вести