Во Русија приведени над 380 екстремно десничарски демонстранти

Раководството на Москва не даде одобрение за одржување на демонстрацијата

841213
Во Русија приведени над 380 екстремно десничарски демонстранти

Екстремните десничари во Русија кои по повод 4 ноември, „Денот на националното единство“ се собраа пред Црвениот плоштад одржаа демонстрација против претседателот Владимир Путин.

На демонстрацијата која беше организирана од страна на „Артподготовка“ која група од страна на руската влада е прогласена за екстремно десничарска, учествуваа стотици лица.

Раководството на Москва не даде одобрение за одржување на демонстрацијата, поради што приврзаниците на групата извикуваа слогани против државното раководство.

Безбедносните сили на Русија приведоа 380 екстремно десничарски демонстранти кои учествуваа на демонстрацијата.



Слични вести