Падна хеликоптер во Саудиска Арабија,нема преживеани

Паднал хеликоптер кој што превезувал еден принц како и неколку високи државни функциониери на Саудиска Арабија

841232
Падна хеликоптер во Саудиска Арабија,нема преживеани

Паднал хеликоптер кој што превезувал еден принц како и неколку високи државни функциониери на Саудиска Арабија.

Ниту еден од патниците на хеликоптерот не ја преживеале несреќата.

Како што јави саудиската официјална телевизија во хеликоптерот се наоѓал принцот Мансур помошник на емирот на Абха, како и членови на неговата делегација , заменикот на емирот  Селман ел Џериши, генералниот секретар на канцеларијата на емирот Салих бин Абдулах ел Кади, претседателот на одсекот за земјоделие на подрачјето Асир Фехд ел Фартиш, шефот на полицијата на Асир мајор Салих бин Сулејман ел Керази и други.

Нешто после веста за срушениот хеликоптер изјава за медијумите даде портпаролот на министерството за внатрешни работи ,генерал мајор Мансур ес Турки кој што рече делагицијата предводена од принцот Мансур го посетила подречјето западно од градот Ебха и дека во вечерните часови се враќала од посетата. На враќање била прекината сета комуникација со хеликоптерот. Турки додаде дека спасувачките екипи веднаш заминале на местото на несреќата и дека ќе следуваат нови информации за несреќата во подоцнежните часови.

 

 



Слични вести