Окупацијата на Северна Кореја од копно единствено решение за уништување на нуклеарните објекти

Ќе биде многу тешко да се претпостави колку луѓе можат да загинат во рамките на евентуалната војна

841201
Окупацијата на Северна Кореја од копно единствено решение за уништување на нуклеарните објекти

Висок претставник на американскиот државен секретаријат за одбрана Пентагон рече дека во случај да избувне војна, единствен пат за уништување на објектите за нуклеарно оружје во Северна Кореја е окупација од копно.

Заменик началникот на Американскиот здружен Генералштаб Генерал-мајорот Мајкл Џ. Думонт на членовите на Претставничкиот дом Тед Лиу и Рубен Галего им испрати писмо во кое беше направена проценка на случувањата во случај да избувне војна со Северна Кореја.

Во писмото беше потенцирано дека единствен пат за детално и целосно утврдување како и уништување на нуклеарната програма и оружје на Северна Кореја поминува низ окупацијата од копно на оваа земја. Думон во писмото предупреди дека наспроти евентуалното усвојување на одлуката за окупација од копно, Пјонгјанг на овој потфат може да одговори со хемиско и биолошко оружје.

Од друга страна пак, Думонт истакна дека ќе биде многу тешко да се претпостави колку луѓе можат да загинат во рамките на случувањата.

Како последица на зачестените тестови на интерконтинентални балистички ракети од страна на Пјонгјанг во последно време и меѓусебните остри соопштенија, расте нуклеарната напнатост меѓу САД и Северна Кореја која се доживува од 1950-та година наваму.



Слични вести