Во Астана без значаен договор заврши седмиот круг од преговорите за Сирија

Главна тема на седмиот круг од преговорите беше ослободување на заробените од сириските затвори

838369
Во Астана без значаен договор заврши седмиот круг од преговорите за Сирија

Во Астана, главниот град на Казахстан, без значаен договор заврши седмиот круг од преговорите за Сирија.

Учесниците на мировните преговори не успеаја да постигнат договор за размена на заробените и за отворање коридор за доставување хуманитарна помош за цивилите.

Според зборовите на извор од преговорите, земјите-гаранти на примирјето, Турција, Русија и Иран, одлучија во наредниот период да продолжат да работат на ова прашање.

Министерот за надворешни работи на Казахстан, Каират Абдрахманов, денес го прочита заедничкото соопштение за резултатите од преговорите.

На вториот, дводневен круг од преговорите во Астана, одржани на иницијатива на Турција, Русија и Иран, учествуваа делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, вооружените бунтовнички групи, како и делегации на ОН, САД и на Јордан.

Главна тема на седмиот круг од преговорите беше ослободување на заробените од сириските затвори.

Опозицијата до руската делегација на почетокот од овој месец достави список со повеќе од 12.000 затвореници во градот Хомс.



Слични вести