8 загинати и 12 повредени во експлозија во тунел во Газа

Спасувачките екипи од разрушениот тунел ги извадиле телата на 8 загинати, а 12 лица биле потешко повредени во експлозијата.

837452
8 загинати и 12 повредени во експлозија во тунел во Газа

8 лица загинале а 12 биле повредени кога Израел кренал во воздух еден тунел во близина на појасот Газа.

Ешреф ел Кудра портпарол на палестинското министерство за здравство во изјава за печатот по тој повод рече дека спасувачките екипи од разрушениот тунел ги извадиле телата на 8 загинати, а дека 12 лица биле потешко повредени во експлозијата.

Со соопштение се огласи и воруженото крило на Движењето исламски џихад, Бригадите на Ерусалим, кое преку писмено соопштение истакна дека во експлозијата загинале 4 лица членови на Бригадите на Ерусалим.Во соопштението се подвлекува дека крвта на загинатите во експлозијата нема да остане на земја и дека ќе биде одговорено на овој крвав напад на Израел со сите можни средства.

Со писмено соопштение се огласи и военото крило на Хамас Бригадите на Изедин ел Касам .Во соопштеноето се вели дека 2 од загинатите во експлозијата во тунелот во Газа биле членови на Бригадите Изедин ел Касам.

 

 



Слични вести