Тилерсон : Владеењето на семејството Асад се завршува

Американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон изјави дека САД сака целосна и единствена Сирија во чија влада Башар ал Асад нема да има никаква улога.

835217
Тилерсон : Владеењето на семејството Асад се завршува

Американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон изјави дека САД сака целосна и единствена Сирија во чија влада Башар ал Асад нема да има никаква улога.

„Владеењето на семејството Асад се завршува. Единствено прашање е како тоа да се постигне“, изјави Тилерсон, по состанокот во Женева со Стефан де Мистура,  специјалниот пратеник на ОН за Сирија.

Тилесон по неколкудневната турнеја по Блискиот исток и Азија во Женева се сретна со специјалниот претставник на ОН за Сирија стефан де Мистура.

Тој истакна дека имал многу конструктивен разговор со Де Мистура во врска со последните случувања во Сирија.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија потсети дека осмиот круг на мировните преговори за Сирија, кои се одржуваат во Женева ќе започнат на 28 ноември.

Tилерсон нагласи дека за време на осмиот круг на преговорите ќе се разговара за уставните прашања како и можното одржување на избори во Сирија под надзор на ОН.

Тој потсети дека единствената причина за промената на ситуацијата во Сирија во која 6 години беснее граѓанска војна претставува воздушната поддршка на Русија. Другиот сојузник на режимот во Сирија е Иран, кој не треба да добие било каков кредибилитет во поразувањето на терористичката организација ДЕАШ.

 



Слични вести