Тилерсон во Багдад: Да се запази дијалогот

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон во Багдад беше примен од премиерот на Ирак Хајдар ел Ибади.

832903
Тилерсон во Багдад: Да се запази дијалогот

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон уште еднаш ја потврди поддршката на неговата земја на единството на Ирак како и ставот дека треба да се воздржат од конфликти и да се поведе дијалог.

Тилерсон во Багдад беше примен од премиерот на Ирак Хајдар ел Ибади.

Во разговорот Тилерсон ја потврди поддршката на неговата земја на единството на Ирак, на уставот на земјата како и ставот дека треба да се воздржат од конфликти со Регионалната курдска управа на северот на Ирак и да се определат за дијалог.

Премиерот Ибади во разговорот истакна дека приоритетно прашање на ирачката влада претставува борбата против тероризмот. Ибади додаде дека немаат намера да влезат во било каков конфликт со било која  формација но и  дека Курдите се исто така ценети граѓани на Ирак,исто како и останатите.

 

 



Слични вести