Пешмергите го затворија патот за Мосул
На 16 октомври, ирачката армија заедно со силите на федералната полиција и Хашди Шаби започна операција за враќање на контролата над Киркук и другите дискутабилни подрачја

Пешмергите во Ирак го затворија главниот пат меѓу месноста Синџар кај Мосул и градот Духок во Регионалната курдска управа на северот на Ирак.
Во соопштението кое беше објавено од страна на силите на пешмергите беше истакнато дека патот беше затворен со цел да се спречи ирачката армија да ја преземе контролата над граничниот премин Фиш Хабур на границата со Сирија.
Ирачката армија ја потврди информацијата дека е затворен патот Синџар – Духок.
На 16 октомври, ирачката армија заедно со силите на федералната полиција и Хашди Шаби започна операција за враќање на контролата над Киркук и другите дискутабилни подрачја од Регионалната курдска управа на северот на Ирак.
На крајот на операцијата беше воспоставена контрола над поголемиот дел од подрачјето.