На повидок решавање на кризата меѓу Турција и САД

Средбите и контактите на американскиот заменик државен секретар за надворешни работи Џонатан Кохен во Турција поминале во позитивна атмосфера

830022
На повидок решавање на кризата меѓу Турција и САД

Висок претставник на американскиот државен секретаријат за надворешни работи соопшти дека средбите и контактите на американскиот заменик државен секретар за надворешни работи Џонатан Кохен во Турција поминале во позитивна атмосфера и дека општо земено бил постигнат извесен напредок во агендата меѓу двете земји.

Изворот кој што сакал да остане анонимен подвлекол исто така дека деновиве владини делегации од двете земји контактираат околу визната криза што се појави во последно време меѓу САД и Турција.

Изворот подвлекол дека ќе продолжат контактите се додека не се нормализира визното процесирање и се додека не се изнајдат решенија за битните точки.

Изворот во продолжение се осврнал на вчерашните контакти на Џонатан Кохен со претставниците на турските власти и рекол:

„Разговорите поминаа во позитивна атмосфера,  општо земено е постигнат извесен напредок во агендата меѓу двете земји.Контактите ќе продолжат се додека не се изнајде решение за повторно нормализирање на визниот режим меѓу САД и Турција. Се разговараше за предлогот за формирање на заеднички комитет и за дефинирање на неговите задачи и се очекува за мошне кусо време да се реализира и тој предлог.“

Како што е познато до визна криза меѓу САД и Турција дојде откако турската полиција го уапси лицето Метин Топуз вработено во американскиот генерален конзулат под сомневање дека контактира со терористичката организација ФЕТО на штета и против интересите на Република Турција и нејзиното уставно уредување.

 



Слични вести