Киркук под контрола на централните власти во Багдад

Премиерот на Ирак Хајдар ел Абади соопшти дека ирачката армија ја презеде контролата во Киркук и во околината.

828379
Киркук под контрола на централните власти во Багдад

Силите на ирачката централна влада воспоставија контрола над целиот град Киркук.

Премиерот на Ирак Хајдар ел Абади соопшти дека ирачката армија ја презеде контролата во Киркук и во околината.

Се дознава дека Ибади ќе го посети Киркук.

Ирачките безбедносни сили ја започнаа операцијата за преземање на контролата над стратешки положби од курдските сили Пешмерги кои се повлекоа од јужниот дел на градот.

Во соопштението на ирачката Заедничка оперативна команда се наведува дека е воспоставена контрола над целиот централен дел на Киркук.

Се додава дека е организирана и церемонија на подигање на ирачкото знаме на државните институции.

Ирачките сили, меѓу другото, воспоставија контрола и над нафтени компании, воена база, рафинерија и аеродром во овој ирачки град.

Пешмергите приврзани на Унијата на курдски патриоти, рано утрово се повлекоа од јужниот дел на Киркук, а ирачката војска и полиција ја презедоа контролата во тој регион. 



Слични вести