Територијалниот интегритет на Азербејџан не може да биде тема на дискусии

Никогаш не се промени ставот на Азербејџан кон прашањето Нагорно Карабах

823398
Територијалниот интегритет на Азербејџан не може да биде тема на дискусии

Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев рече дека територијалниот интегритет на Азербејџан не може да биде тема на дискусии на преговорите со Ерменија за Нагорно Карабах.

Во говорот на седницата на Владата на Азербејџан со која претседаваше, претседателот Алијев посочи на значењето на последната состојба во Нагорно Карабах.

Алијев рече дека никогаш не се промени ставот на Азербејџан кон прашањето Нагорно Карабах и дека територијалниот интегритет на Азербејџан не може да биде тема на дискусии на преговорите.

Никогаш нема да се дозволи втора ерменска држава на териториите на Азербејџан, подвлече претседателот Алијев потенцирајќи дека нема да успеат напорите за нарушување на преговорите.



Слични вести