12 цивили загинале во воздушен напад на Идлиб

Се стравува дека бројот на загинатите би можел да биде поголем поради тоа што на дел од повредените здравствената состојба им била тешка

12 цивили загинале во воздушен напад на Идлиб

Според првичните претпоставки 12 цивили загинале во воздушен напад на пазаиштето во Марет Нуман кој што гравитира кон Идлиб, град во северот на Сирија непосредно на самата граница со Турција.

Во нападот биле повредени 15 лица кои веднаш биле префрлени во најблиската болница.

Се стравува дека бројот на загинатите би можел да биде поголем поради тоа што на дел од повредените здравствената состојба им била тешка.

Сеуште не е познато чиј бил авионот кој што го извршил воздушниот напад.

Како што е познато Идлиб беше утврден како град во рамките на безконфликтна зона на самитот посветен на Сирија во Астана кој го иницираа и во него учествуваа Турција, Иран и Русија.

 



Слични вести