САД соопшти дека застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Ирак

Хедер Ноерт портпарол на американскиот секретартијат за надворешни работи преку писмено соопштение истакна дека САД чувствува длабоко разочарување од резултатот на референдумот

814076
САД соопшти дека застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Ирак

САД соопшти дека застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Ирак

Хедер Ноерт портпарол на американскиот секретартијат за надворешни работи преку писмено соопштение истакна дека САД чувствува длабоко разочарување од резултатот на референдумот во регионалната управа на северот на Ирак.

Во истото соопштение се вели следното:

Поради овој референдум кој што нема обврзителен карактер, односите меѓу САД и Регионалната управа на северот на Ирак нема да претрпат одредени промени но сепак оваа одлука ќе резултира со нестабилност и проблеми како на управата на северот на Ирак така и на народот.

САД поддржуваат обединета ,федерална, демократска и просперитетна ирачка држава, се истакнува во продолжение на соопштението.

Сара Сандерс портпарол на Белата Куќа исто така се осврна на референдумот за независност што вчера се одржа во северот на Ирак и рече дека САД се залагаат за обединет Ирак заради поефикасна борба против терористичката организација ДЕАШ како и за одвраќање на Иран.

 

 



Слични вести