Ирачкиот премиер Ел Ибади се закани со преземање на мерки кон одговорните за референдумот

Премиерот на Ирак Хајдер ел Ибади се закани дека ќе бидат преземени сите мерки против одговорните за спроведување на референдумот за независност на северот на Ирак

814184
Ирачкиот премиер Ел Ибади се закани со преземање на мерки кон одговорните за референдумот

Премиерот на Ирак Хајдер ел Ибади се закани дека ќе бидат преземени сите мерки против одговорните за спроведување на референдумот за независност на северот на Ирак.

Ибади ја даде оваа изјава за време на посета на командата на заедничките воени опрерации во Багдад.

„Референдумот за независност беше голем ризик.Тој се одржа и покрај одлуката на федералниот суд.Не е уставен и нема да ги прифатиме неговите резултати. Референдумот се спроведе без било каква меѓународна поддршка. Ние нема да го прифатиме резултатот од овој референдум кој е нелегитимен и неважешки за нас.

„За жал овој референдум ги поттикна секташките чувства,но и покрај тоа нема да се откажеме од обезбедување на безбедноста на ѓраѓаните Курди. Сепак ќе бараме одговорност од лицата кои го организираа референдумот,ќе ги зголемиме мерките кон нив,ќе ги искористиме сите наши федерални права. Добивме голем број пријави за нерегуларности за време на гласањето на референдумот. Уште еднаш подвлекувам нема да прифатиме формирање на расистичка и секташка држава, подвлече Ел Ибади.

 



Слични вести