Почна нелегалниот референдум во северниот дел на Ирак

Одлуката на референдум ја донесоа регионалните власти на северот на Ирак, а против се Туркмените и Арапите

813266
Почна нелегалниот референдум во северниот дел на Ирак

И покрај одлуката на Ирачкиот уставен суд,денес во раните утрински часови започна гласањето на референдумот за независност на северот на Ирак. Инаку судот  референдумот за незавност го прогласи за антиуставен и како таков за нелегитимен.

Одлуката на референдум ја донесоа регионалните власти на северот на Ирак, а против се Туркмените и Арапите.

Изборни места се поставени во Ербил, Сулејманије, Духок, Ќеркук, Турхурмату кај Салахадин , Ханекин кај Дијала и Каратепе кај Џелавла.

Гласачки места се отворени во населбите Синџае, Махмур, Телкејф, Хамданије, Шејхан, Зумар, Рабиа, Немруд и Батила.

На овие изборни места се отворени вкупно 12 000 гласачки места од кои 5000 во дискутабилни подрачја.

Се очекува на гласањето да излезат приближно 5.200 000 гласачи.

 



Слични вести