Меркел уште еднаш победи на изборите во Германија

Христијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) вкупно освои 33 насто од гласовите и стана прва партија

813366
Меркел уште еднаш победи на изборите во Германија

На вчерашните избори во Германија, победија лидерот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) канцеларката Ангела Меркел и братската партија во провинцијата Баварија Христијанската социјалистичка унија (ЦСУ).

Според привремените официјални резултати кои беа објавени од страна на Федералната изборна комисија на Германија, Христијанската унија (ЦДУ/ЦСУ) вкупно освои 33 насто од гласовите и стана прва партија.

Ова се најлошите резултати кои ги освои унијата од изборите во 1949 година до денес. Во споредба со резултатите од 2013 година, унијата ЦДУ/ЦСУ освои 8,5 насто помалку од гласовите.

Коалициониот партнер Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во споредба со претходните избори исто така изгуби 5,2 насто од гласовите и освои 20,5 насто. Социјалдемократската партија на овие избори освои најмал број на гласови во историјата.

Германската екстремно десничарска популистичка партија Алтернатива за Германија (АФД) освои 12,6 насто од гласовите и на тој начин првпат влезе во Сојузното собрание на Германија. Партијата АФД на изборите во 2013 година имаше освоено само 4,3 насто од гласовите поради што се соочи со пречката на изборниот праг од 5 насто.

Партијата на слободни демократи (ФДП) која исто така се сочи со изборната пречка од 5 насто, на вчерашните избори освои 10,7 насто од гласовите и стана четврта партија.

Левичарската партија со 9,2 насто стана петта партија, додека партијата на зелените со 8,9 насто повторно се стекна со правото да биде застапена во Сојузното собрание на Германија.

Партиите и партиските раководители денес подетално ќе ги разгледаат резултатите од изборите.

Канцеларката Меркел во интервјуто за еден ТВ-канал рече дека новата влада ќе се формира најдоцна до декември.

Меркел најави дека според моменталните резултати, најверојатно е новата коалициона влада да се формира меѓу партиите ЦДУ/ЦСУ/ФДП/Зелените или ЦДУ/ЦСУ-СПД. Претседателот на Социјалдемократската партија (СПД) Мартин Шулц рече дека не се спремни за преговори за формирање коалициона влада.

Меркел е против формирање малцинска влада.



Слични вести