Русија незадоволна од порастот на тензиите на Корејскиот полуостров

Москва ги повикува страните да бидат поумерени

812071
Русија незадоволна од порастот на тензиите на Корејскиот полуостров

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека Русија чувствува незадоволство од порастот на тензиите на Корејскиот полуостров поради острите и заканувачки изјави и соопштенија на САД и Северна Кореја.

Песков на прес конференцијата посветена на случувања потенцираше на меѓусебните изјави и соопштенија кои се објавуваат од страна на САД и Северна Кореја.

Москва навистина чувствува големо незадоволство од порастот на тензиите на Корејскиот полуостров поради острите и заканувачки изјави и соопштенија како и меѓусебни обвинувања меѓу страните.

Затоа Москва ги повикува страните да бидат поумерени и да се држат далеку од сите чекори кои што ја зголемуваат напнатоста, рече Песков.



Слични вести