Иран нема да земе дозвола од никого за одбрана на земјата

Ќе продолжиме да ја јакнееме Армијата се додека не се искачи на потребното ниво

811996
Иран нема да земе дозвола од никого за одбрана на земјата

Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека нема да земат дозвола од никој за одбрана на земјата.

Во говорот на воената свеченост што беше одржана по повод првиот ден на новата година според хиџретскиот календар кој го означува почетокот на месецот Мухарем, Рохани рече:

„Ќе ја зголемиме воената моќ. Ќе го зајакнеме капацитетот на ракети. Нема да чекаме одобрение од никој за да ја заштитиме земјата“.

Ќе продолжиме да ја јакнееме Армијата се додека не се искачи на потребното ниво, рече Рохани и потенцираше дека целта на Иран е да се заштити земјата и регионот од евентуалната окупација и тероризмот на големите сили.

И да ви се допаѓа и да не ви се допаѓа, Иран ќе продолжи да ги брани правата на потчинетите народи во Јемен, Сирија и Палестина.

Во меѓувреме, иранската новинска агенција Таснин соопшти дека Техеран ги промовираше новите балистички ракети кои можат да носат неколку боеви глави и имаат дострел до 2000 км.



Слични вести