Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 18 март 2018

Русите од 8 до 11 март ќе слават празнични денови

809430
Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 18 март 2018

Портпаролката на Централниот изборен комитет на Русија Маја Гришина рече дека во случај да се подржи предлогот на Министерството за труд во врска со празничните денови, претседателските избори во Русија можат да се одржат на 4 или 18 март.

Неодамна Министерството за труд имаше изготвен предлог-закон во врска со празничните денови според кој Русите од 8 до 11 март ќе слават празнични денови.

Според одредбите на законот којшто сеуште е на сила, претседателските избори во Русија се одржуваат втората недела во март. На тој начин изборите се совпаѓаат со 11 март, додека според законот ак во случај втората недела по празникот се прогласи за работен ден, тогаш изборите се предвидува да се одржат на 4 март.



Слични вести