ОН загрижени заради ситуацијата во Аракан

ОН изразуваат длабока загриженост поради употребата на прекумерна сила на војската на Мјанмар против муслиманите на Аракан.

806694
ОН загрижени заради ситуацијата во Аракан

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за прв пат во девет години постигна консензус за заедничко соопштение во врска со прашањето за Мјанмар.

Во соопштението се наведува дека изразуваат длабока загриженост поради употребата на прекумерна сила на војската на Мјанмар против муслиманите на Аракан.

Нагласено е дека е итно потребно да запре насилството во Аракан.

Советот за безбедност на ОН во среда одржа седница зад затворени врати на која е разговрано за последните случувања во Мјанмар.

Текада Алему, амбасадор на Етиопија при ОН, земја која моментално претседава со Советот за безбедност, изјави дека на седницата е изразена загриженост поради употреба на прекумерна сила на безбедносните сили против цивилите.

„Советот за безбедност на ОН е загрижен поради употрба на прекумерна сила на безбедносните сили против цивилите. Исто така се осудени нападите против цивилите. Советот за безбедност апелира што поскоро да прекине насилството во Аракан, да се намалат тензиите и да се заштитат цивилите", рече Алему.

Tој дека Советот за безбедност изрази задоволство поради тоа што Бангладеш ги отвори вратите за муслиманите на Аракан.

Алему ја повика Владата на Мјанмар да соработува со ОН и другите хуманитарни организации во врска со доставување на хуманитарната помош на загрозените.

Метју Рикрофт, британскиот амбасадор во ОН, на новинарите им рече дека Советот за безбедност на Обединетите нации за прв пат во девет години усогласи заедничко соопштение во врска со Мјанмар.

Од друга страна, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во среда изјави дека е „неприфатливо" насилството над муслиманите на Аракан во Мјанмар.

Во пресрет на 72. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Гутереш на конференција за медиумите апелираше на функционерите на Мјанмар да запрат воените операции, завршување на насилството и да се дозволи достава на хуманитарна помош.

Хуманитарна криза во Аракан ја нарече „катастрофална", напоменувајќи дека бројни муслимани на Аракан, кои мораа да избегнат во соседен Бангладеш, веќе достигна цифра од 380 илјади.

Под изговор на борбата против милитантни групи, мјанмарската војска во изминатите неколку дена сруши десетици муслимански села од кои десетици илјади жители беа приморани да бегаат кон соседен Бангладеш.

Поради фактот дека во кризно подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на страдани во нападите на муслиманските населби. Локалните невладини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени луѓе.



Слични вести