Истовремени самоубиствени напади во јужниот ирачки град Насирије

Цел на самоубиствените напаѓачи беа еден ресторан и една полициска станица на автопатот

807267
Истовремени самоубиствени напади во јужниот ирачки град Насирије

Во истовремените самоубиствени напади во јужниот ирачки град Насирије според првите претпоставки загинаа 50 лица.

Во нападите беа повредени над 80 лица.

Цел на самоубиствените напаѓачи беа еден ресторан и една полициска станица на автопатот.

Дел од самоубиствените напаѓачи ги активираа експлозивните направи врз себе, додека останатите пукаа по околината.

Според болнички извори меѓу загинатите има граѓани со иранско државјанство.

Јахја ел Насири валијата на провинцијата Зи Кар рече дека поголемиот број од загинатите беа шиитски аџии од Иран.

Се стравува од евентуално зголемување на бројот на загинатите.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести