Во Шкотска откриена масивна гробница на над 400 деца

Децата во домот за сирачиња биле изложени на малтретирање

805285
Во Шкотска откриена масивна гробница на над 400 деца

Во близината на домот за сирачиња Смилиум парк во Шкотска откриен масовна гробница во која беа погребани над 400 деца.

Според веста на британски „Гардијан“, домот за сирачиња кој функционираше во периодот од 1864 до 1981 година беше домаќин на над 11 илјади деца.

Од архивските податоци дознаваме дека поголемиот број на децата во домот за сирачиња умреле како последица на природна смрт односно туберкулоза или пневмонија.

Посмртните остатоци кои беа извадени од масовната гробница предизвикаа низа прашања поради што полицијата започна истрага за евентуално лошо однесување или малтретирање на децата.

Според резултатите од едно истражување кое беше спроведено во 2004 година, децата во домот за сирачиња биле изложени на малтретирање.



Слични вести