Во рацете на ДЕАШ се наоѓаат 11 илјади празни пасоши

ДЕАШ пасошите ќе ги употреби за правење лажни документи

804773
Во рацете на ДЕАШ се наоѓаат 11 илјади празни пасоши

Германските власти соопштија дека во рацете на ДЕАШ се наоѓаат 11 илјади празни пасоши кои можат да се пополнат со податоците на било кое лице.

Според веста на „Bild am Sonntag“ пасошите кои ги поседува терористичката организација ДЕАШ ќе ги употреби за правење лажни документи.

Германските безбедносни сили истакнаа дека 11 илјади од околу 18 илјади пасоши на сириската влада кои беа украдени се претпоставува дека се наоѓаат во рацете на ДЕАШ, додека останатите се наоѓаат во рацете на другите терористички организации.



Слични вести