Силен земјотрес на мексиканскиот брег на Пацификот

Потресите во Мексико Сити траеја околу 4 минути и поголемиот дел од градот остана без струја

803471
Силен земјотрес на мексиканскиот брег на Пацификот

Според соопштението на Сеизмолошката служба на Мексико, јачината на земјотресот што го погоди мексиканскиот брег на пацификот изнесуваше 8,4 степени.

Епицентар на земјотресот кој се случи на 120 км од мексиканското крајбрежје на Пацификот се наоѓаше на 33 км длабочина под земјината кора.

Јачината на земјотресот беше почувствувана на растојание до 1000 км.

Потресите во Мексико Сити траеја околу 4 минути и поголемиот дел од градот остана без струја.

По силниот земјотрес што се случи во 22.49 часот според локално време, во земјите од Централна Америка кои излегуваат на Пацификот беше прогласен аларм за опасност од цунами.

Пацифичкиот Центар за предупредување за опасност од цунами соопшти дека биле утврдени бранови цунами чија височина достигнала 70 цм.

Според првите сознанија во земјотресот во јужниот мексикански град Чипас загинале две лица.



Слични вести