Путин рече дека го подржува зајакнувањето на проектот Северeн морски пат

Овие бродови ќе го обезбедат развојот на рускиот енергетски гигант Роснефт

803664
Путин рече дека го подржува зајакнувањето на проектот Северeн морски пат

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека го подржува зајакнувањето на проектот Северeн морски пат кој скоро сите земји во азиско-пацифичкиот регион преку Арктичкото море ги поврзува со Азија и Европа.

Во говорот во бродоградилиштето „Ѕвезда“ во Далечниот Исток на Русија, Путин им честиташе на вработените во бродоградилиштето кои изградија товарни бродови во категоријата мразокршачи.

Путин рече дека овие бродови ќе го обезбедат развојот на рускиот енергетски гигант Роснефт, производството на домашно гориво и енергетскиот сектор како и проектот Северно морски пат кој освен тоа што е многу значаен за нашата земја, исто така скоро сите земји во азиско-пацифичкиот регион покажуваат големо интересирање.



Слични вести