Треба време за изнаоѓање решение на проблемот во Аракан

Нелогично е да се очекува од влада која на власт се наоѓа само 18 месеци да ги реши сите проблеми

803093
Треба време за изнаоѓање решение на проблемот во Аракан

Претседателот на Мијанмар Аунг Сан Су Џи рече дека за изнаоѓање решение на проблемот во Аракан треба време.

Во изјавата за новинарите претседателот на Мијанмар Аунг Сан Су Џи рече дека актуелната влада на државата на власт дојде пред 1.5 година, дека работат за заштита на животите на муслиманите од Аракан и дека нелогично е да се очекува од влада која на власт се наоѓа само 18 месеци да ги реши сите проблеми.

Владата на Мијанмар со големо нетрпение очекува да ги спроведе препораките на Советодавната комисија за Аракан под покровителство на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан рече претседателот Сун Џи потенцирајќи дека вложуваат големи напори за постигнување брз напредок во сферата на развојот на земјата. Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме се недоволните извори.



Слични вести