САД бара да се спроведе нафтено ембарго за Северна Кореја
За усвојување на новите санкции потребно е ниту една од постојаните земји членки на СБ на ОН да не стават вето

САД бара да се спроведе нафтено ембарго за Северна Кореја поради тестовите со нуклеарните ракети.
САД предлог резолуцијата која содржи нови санкции врз Северна Кореја ја сподели со земјите членки на СБ на ОН и бараше истата да се усвои до 11 септември.
Со новата резолуција се предвидува спроведување нафтено ембарго за Северна Кореја, замрзнување на сметките на Ким Џонг-ун во странство и забрана за патување, забрана на текстилниот извоз и работењето на Севернокорејските работници во странство.
За усвојување на новите санкции потребно е ниту една од постојаните земји членки на СБ на ОН како што се САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција да не стават вето и најмалку 9 од 15 членки да не гласаат против.
Сеуште не е јасен ставот на Кина и Русија кои се против нуклеарната програма на Северна Кореја. Наведените земји исто така го изнесуваат тврдењето дека кризата не ќе може да се реши само со санкции и притисоци поради што предлагаат да започнат преговори.
Слични вести
