Духот на Путин личи на духот на светиот Амурски (сибирски) тигар

Ние Корејците тигрите ги сметаме за свети животни и многу ги сакаме

802980
Духот на Путин личи на духот на светиот Амурски (сибирски) тигар

Лидерот на Јужна Кореја Мун Џае-ин рече дека духот на рускиот претседател Владимир Путин личи на духот на светиот Амурски (сибирски) тигар.

Мун во говорот на Источно-европскиот форум (ЕЕФ) во Владивосток, кога говореше за далечните источни предели на Русија направи споредба меѓу Путин и Амурските тигри кои се специфични за овој предел.

Ние Корејците тигрите ги сметаме за свети животни и многу ги сакаме. Според мислењето на голем број лица духот на претседателот Путун личи на Амурските тигри.

Мун потенцираше дека самиот слог односно збор „ин“ во името на Пути значи „тигар“. Затоа ако заедно соработуваме можеме да биде успешни во развојот на Далечниот Исток.

Путин и Мун во рамките на форумот меѓусебно си подарија подароци. Мун на Путин му подари една трска за риболов од бамбус која се прави според традициите на Јужна Кореја, додека Путин на Мун му подари еден меч од 19 век на јужнокорејската династија Хозеон.



Слични вести