Русија се подготвува да поднесе жалба против САД

Запленувањето на дипломатско-конзуларните објекти на Русија се врши на многу груб начин

802233
Русија се подготвува да поднесе жалба против САД

Рускиот претседател Владимир Путин од Министерството за надворешни работи бараше да поднесе жалба против администрацијата на САД по повод затворањето на руските дипломатско-конзуларни претставништва во оваа земја.

Според веста на руската новинска агенција Интерфакс, претседателот Путин истакна дека запленувањето на дипломатско-конзуларните објекти на Русија се врши на многу груб начин.

Најпрвин на МНР ќе му издадам инструкција да поднесе жалба до судот. А дури потоа ќе имаме можност да видиме колку добро функционира американскиот правосуден систем со кој толку многу се фалат, рече Путин.



Слични вести