Путин и Џинпинг постигнаа согласност за нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров

Двајцата лидери на средбата постигнаа консензус за давање соодветен одговор на последниот ракетен тест со водородна бомба на Северна Кореја

800632
Путин и Џинпинг постигнаа согласност за нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг постигнаа согласност за нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров.

Претседателите Кси и Путин одржаа средба во рамките на Самитот на БРИКС (Меѓународна политичка организација составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република).

Двајцата лидери на средбата постигнаа консензус за давање соодветен одговор на последниот ракетен тест со водородна бомба на Северна Кореја како и нуклеарното разоружување на Корејскиот полуостров.

Лидерите исто така постигнаа согласност за воспоставување блиски контакти и координација за изнаоѓање решение на прашањето.

На средбата беа разгледани активностите на БРИКС; билатералните односи, регионалните и меѓународни прашања кои ги засегаат Кина и Русија.



Слични вести