И Јужна Кореја исфрли балистичка ракета

НИС соопшти дека постои голема веројатност Пјонгјанг на 9 септември годишнината од формирањето на државата или 10 октомври годишнината од формирањето на Комунистичката партија на Кореја да исфрли интерконтинентални балистички ракети во Северен Пацифик

800835
И Јужна Кореја исфрли балистичка ракета

Во знак на одговор на вчерашниот тест со водородна бомба на Северна Кореја и Јужна Кореја исфрли балистичка ракета.

Според веста на агенцијата Јонхап, Јужнокорејста армија во знак на реваншизам на Северна Кореја одржа воена вежба со балистичките ракети Хјунмо и борбените авиони од типот Ф-15К.

Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека две балистички ракети од кои едната со краток дострел копно-копно и втората со долг дострел воздух-копно успешно ги погодија целите во морето.

Од друга страна пак Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) на седницата на Собранието која беше затворена за печатот ја изнесе загриженоста дека постои голема веројатност официјален Пјонгјанг на 9 септември годишнината од формирањето на државата или 10 октомври годишнината од формирањето на Комунистичката партија на Кореја да исфрли интерконтинентални балистички ракети во Северен Пацифик.

Разузнавачката служба НИС соопшти дека постои можност Северна Кореја овие ракети да ги исфрли по стандарден пат.

Северна Кореја во јули исфрли 2 интерконтинентални балистички ракети и за да го спречи прелето преку земјите како што се Јапонија и другите, го крена аголот.



Слични вести