Лавров и Тилерсон остварија телефонски разговор

Главна тема на разговорот беше ситуацијата по ракетниот тест на Северна Кореја

799233
Лавров и Тилерсон остварија телефонски разговор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот министер Рекс Тилерсон остварија телефонски разговор. Главна тема на разговорот беше новонастанатата ситуација по ракетниот тест на Северна Кореја.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МНР на Русија беше истакнато дека главна тема на разговорот беше ситуацијата по ракетниот тест на Северна Кореја. Страните постигнаа согласност дека Пјонгјанг уште еднаш ги прекрши резолуциите на СБ на ОН.

За надминување на напнатоста на Корејскиот полуостров политичките и дипломатските преговори се безалтернативни патишта рече Лавров потенцирајќи дека треба да се држиме настрана од евентуални воени интервенции кои можат да предизвикаат непредвидливи и поголеми последици.



Слични вести